Франција најавува испраќање на оклопни транспортери во Украина

Од:

Министерот за вооружени сили Себастиен Лекорну, најави испраќање на оклопни транспортери, а исто така и испраќањето на шест дополнителни самоодни топови Цезар, покрај дванаесетте веќе распоредени против Русите, јави дописникот на МИА.

Франција ќе испрати „значителни количини“ оклопни транспортери во Украина, најави францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну во интервју објавено во Паризиен-Ожурдуи.

„За брзо движење во областите под непријателски оган, на армиите им требаат оклопни возила“, рече тој. Затоа, Франција „ќе испорача, во значителни количини, транспортни возила од овој тип, VAB (Оклопни возила за напред), кои се вооружени“, додава францускиот министер.

Себастиен Лекорну, исто така, го потврдува испраќањето во Украина на шест дополнителни самоодни топови Цезар, , покрај дванаесетте веќе распоредени против Русите. Сепак, тој не дава никакви детали за датумот предвиден за испраќање на ова дополнително засилување што го најави шефот на државата Емануел Макрон на 16 јуни за време на неговата посета на Киев. Што се однесува до испораката на противбродски ракети, побарани од Киев за „пробивање на поморската блокада наметната од Русија и која лишува многу земји од испорака на житарки и суровини“, ова „е дел од испитуваните досиеја“, додава министерот, без да даде повеќе детали.

Од почетокот на воената офанзива што ја започна Москва во Украина на 24 февруари, Париз достави до Киев, освен топовите Цезар, противтенковски ракети Милан, па дури и противвоздушните ракети Мистрал. Во средината на април, Флоренс Парли, тогашна министерка за вооружени сили, ја процени воената опрема што Франција и ја испорача на Украина на повеќе од сто милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород