Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

Од:

Данската премиерка Мете Фредериксен ја започна турнејата низ европските метрополи за да собере поддршка откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го анектира Гренланд насилно, објави денеска Вашингтон пост.

Таа имаше средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на која директно не ги спомна заканите на Трамп, но нагласи дека е потребно уште поголемо единство во ЕУ поради се поголемата „неизвесност“.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро истакна дека Франција е подготвена да испрати војници на Гренланд, но дека Данска го отфрлила предлогот. Фредериксен се очекува да се сретне и со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, според АП.

Во понеделникот вечерта, данската влада објави договори во вредност од приближно 14,6 милијарди круни (речиси 2 милијарди долари), вклучително и со владите на Гренланд и Фарските Острови, за „да се подобри способноста за следење и одржување на суверенитетот во регионот“.

Ова ќе вклучува три нови арктички поморски бродови, две дополнителни беспилотни летала со долг дострел и сателитски капацитет, соопшти Министерството за одбрана во Копенхаген.

Француските власти разговараа со своите дански колеги за испраќање француски војници на Гренланд како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на данската територија.

Копенхаген го отфрли предлогот, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

Во интервју за француското радио Суд, Баро рече дека доколку Данска побара помош, Франција ќе биде таму.

„Европските граници се суверени, без разлика дали се северни, југ, источни или западни… никој не смее да си дозволи да ги менува нашите граници“, рече Баро.

Баро, исто така, рече дека за време на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во понеделникот во Брисел, неговите колеги изразиле „многу силна поддршка“ за Копенхаген и изразиле подготвеност да размислат за испраќање војници доколку е потребно.

Францускиот министер за надворешни работи, сепак, рече дека не верува дека САД ќе го нападнат Гренланд.

Во исто време, данската премиерка Мете Фредериксен е на европска турнеја за да собере поддршка од сојузниците, пишува Политико. Трамп не ја отфрли употребата на воена и економска сила за заземање на данскиот остров.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно

(ВИДЕО) Трамп се изнервира уште при пречекот на Зеленски

А1он

(ВИДЕО) Врв на ароганцијата, Зеленски пцуе пред Трамп

А1он

Реакции на европските лидери по средбата Трамп-Зеленски: Украина не е сама

А1он

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он