Франција ја чуваат и 10.000 војници од напади на џихадисти

Од:

Франција и понатаму ќе задржи 10.000 трупи да патролираат ширум државата кои се распоредени на таа должност по нападите на џихадистите во јануари.

– Опасноста од терористички напади во нашата држава се уште е висока, соопшти Кабинетот на претседателот Франсоа Оланд по министерски состанок.

Шефот на државата одлучил да го задржи сегашното ниво на војската во приправност како поддршка за силите за безбедност од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се вели дека 7.000 трупи распоредени се пред се за заштита на верски објекти кои се посебно загрозени.

Министерот за одбрана Жан Ив Дриан по состанокот најави дека трупите ќе останат на своите позиции најмалку до почетокот на летото. Војниците надгледуваат згради на медиуми и други потенцијални цели откако џихадистите во јануари извршија напад во Париз во кој 17 луѓе загинаа.

– Војската штити речиси половина од чувствителните места во регионот Ил де Франс во кој се наоѓа и Париз, додаде Ле Дриан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци