Франција го забрани TikTok и други апликации на мобилните телефони на јавните службеници

Од:

Франција воведува забрана за користење на социјалната мрежа TikTok и други популарни апликации на мобилните телефони на јавните службеници поради несоодветна безбедност и заштита на податоците, објавија во петокот властите во Париз.

Забраната ќе стапи на сила веднаш, напиша Министерството за јавни услуги на Твитер, која се однесува исто така и на Инстаграм и платформата за стриминг Нетфликс.

Франција е последната во низата земји што презема такви чекори против TikTok поради безбедносни грижи. Соединетите држави, Германија, Велика Британија и Европската комисија, исто така, ја забранија апликацијата во сопственост на кинеска компанија за споделување видео од мобилните телефони на јавните службеници.

Американските власти, исто така, размислуваат целосно да го забранат TikTok, наведувајќи ја загриженоста дека кинеските разузнавачки служби би можеле да го користат за собирање податоци и влијание врз корисниците. TikTok ги отфрла овие наводи. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот ја презеле апликацијата, која и припаѓа на кинеската компанија ByteDance.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск