Франција го ратификуваше пристапниот договор на Хрватска и ЕУ

Од:

Францускиот парламент едногласно денеска го ратификуваше хравтскиот договор за членство во европската унија. Со тоа Франција стана прва држава во оваа година која и отвори пат на Хрватска кон ЕУ.

Франција е 21-та држава од ЕУ која потврди за пристапниот договор на Хрватска.

Извештајот за Хрватска го претстави министерот за европски работи Бернар Казенев, како и претставници од Одборот за надворешни работи и Одборот за европски работи, кои оценија дека Хрватска минала досега најригорозен процес на пристапни преговори, но спорот со Словенија е закана за завршување на процесот за ратификација.

– Спорот со Словенија е закана за процесот за ратификација на пристапниот договор, нагласи известителот на парламентарниот Одбор за надворешни работи Филип Кордери, додавајќи дека изборот на новиот словенечки претседател Борут Пахор е позитивен знак. Како што јавија хрватски медиуми, неговите ставови ги поддржа и претседателката на Одборот за надворешни работи Елизабет Гигу.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина