Франција го има второто најжешко лето по 2003 година

Од:

Ова е второто најжешко лето по 2003 година, со „исклучителни“ топлински врвови, покажуваат мерењата на Метео Франс. Во текот на ова метеоролошко лето, кое ги опфаќа месеците јуни, јули и август, во просек температурата изнесувала 22,67 степени, наспроти просечните 23,10 степени во летото 2003 година, јави дописникот на МИА.

Деталното резиме на летните мерења Метео Франс ќе ги открие попладнево, но отаму веќе потврдија дека ова лето беше обележано со неколку температурни рекорди. Во Нант на 18 јули беа достигнати 42 степени, што е апсолутен рекорд.

Севкупно, во Франција беше топло насекаде, без исклучок, особено во Ла Манш и Бретања, каде температурите обично се пониски.

„Не само што често имавме екстремно топло време, туку и немаше вистински студени денови на национално ниво од почетокот на јули“, наведува Метео Франс.

Во Марсеј во моментов има 113 последователни денови со температура еднаква или поголема од 25 степени. Зголемување на температурата од редот на „4 до 5 степени“ во однос на „нормалните“ бележи и Медитеранот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск