Франција ги заострува мерките во борбата против хулиганите

Од:

Француските власти најавија денеска заострена борба против хулиганите поради зачестените сцени на насилство на фудбалските натпревари во последно време.

Меѓу најавените мерки се следење на насилни навивачи во Франција, соработка со други европски земји, суспензија на стадиони и забрана на самостојно патување на гостински натпревари.

– Власта во целост ќе ги искористи своите права за да бидеме сигурни дека насилството нема да се повтори. Посебните мерки се однесуваат на суспензија на стадиони, а ако биде потребно и забрана на навивачите да патуваат на гостински натпревари, се наведув во заедничкото соопштение на министерот за внатрешни работи Бернар Казанова и министерот за млади и спорт Патрик Канер.

Над 44 припадници на полицијата се повредени минатиот месец кога пред и по натпреварот на Корзика меѓу Бастија и Марсеј дошло до судир на навивачите. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци