Франција ги укинува посебните оддели за радикализираните затвореници

Од:

Францускиот министер за правда Жан-Жак Урвоа соопшти дека ќе бидат укинати петте специјализирани затворски оддели наменети за радикализираните затвореници, јави дописникот на МИА од Париз.

Тој најави дека околу 300 затвореници, идентификувани како „најтешки случаи“, ќе биде подложени на посебен затворски режим, близок до затворска изолација.

Четири затворски оддели наменети на радикализирани затвореници беа создадени оваа година во Лил, Осни, Анелан и во Флери Мерожис, а првиот беше отворен пред две години во Френ во Вал-де-Mарн. Во нив имаше 75 затвореници, иако затворската администрација пресмета дека за кривични дела поврзани со џихадистичкиот тероризам се осудени или обвинети 315 лица

По крвавиот напад на двајца чувари од страна на еден затвореник во затворот Осни на почетокот на септември, двата главни синдикати на затворските чувари побараа итно затворање на овие посебни оддели за радиклаизирани затвореници.

На крајот на септември, Урвоа во интервју за „Монд“ оцени дека е „премногу рано да се направи дефинитивна проценка на мерките кои се преземени за да предизвика дерадикализација“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили