Франција бара да се пушти Морси

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус побара отповиканиот египетски претседател Мохамед Морси да биде ослободен.

Тој оцени дека политичката криза во Египет се уште е критична по најновите крвави судири во Каиро.

-Повикуваме на дијалог и ослободување на претседателот Морси. Го осудуваме насилството-изјави тој.

Реакцијата на францускиот министер се поврзува со престојот на високата претставничка на ЕУ , Кетрин Ештон во Каиро, каде што имаше двочасовен состанок со Морси.

Ештон изврши јасен притисок врз официјалните лица во привремената влада и претставниците на опозицијата да завршат немирите, каде што во последните денови беа убиени околу 260 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски