ФПО ги оспорува резултатите од претседателските избори во Австрија

Од:

Австриската партија на слободата (ФПО) ги оспорува резултатите од вториот круг на претседателските избори на кои нејзиниот кандидат Норберт Хофер со мала разлика изгуби од противникот Александер ван дер Белен, и денеска поднесе жалба до Уставниот суд. 

Лидерот на ФПО, Хајнц Кристијан Штрахе на прес-конференцијата потврди дека партија ги оспорува резултатите и дека поднела жалба.

Тој изјави дека на изборите имало многу неправилности и нагласи дека целта на жалбата е да се зачува „светото демократско право“ на гласање. 

Штрахе истакна дека мора да се променат изборните закони, посебно гласањето по пат на пошта, кое треба да се укине. 

Имено, Ван дер Белен го победи Хофер со вкупно 30.863 гласа предност.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски