ФОТО: Затворен озлогласениот затвор, во кој Американците ги злоставувале затворениците

Од:

Ирачките власти соопштија дека од безбедносни причини одлучиле да го затворат озлогласениот затвор Абу Граиб, кој на светот им е познат од 2004 година по откритието дека американските војници на страотни начини ги мачеле и злоставувале затворениците.

Ирачкото Министерство за правда соопшти дека 2.400 затвореници од Абу Граиб се префрлени во други затвори, со висок степен на безбедност во централниот и северен дел на државата, пренесе „Њујорк тајмс“.

Министерството образложи дека локацијата Абу Граиб која се наоѓа западно од Багдад, на самата граница со областите во провинција Анбар кој ја контролираат сунитски екстремисти, станала жешка зона.

За сега не е познато дали затворската установа засекогаш е затворена или би можело повторно да се отвори, по средување на безбедносната состојба.

abugraib1

Сепак затворањето на Абу Граиб укажува на влошување на безбедносната состојба во Ирак, оценува американскиот весник.

Екстремистите минатата година во јули го нападнаа Абу Граиб и други затвори, при што ослободија неколку стотици затвореници.

Во текот на судирот со милитантите, загинаа голем број затвореници и припадници на обезбедувањето. Абу Граиб за време на владееењето на Садам Хусеин беше богата земјоделска заедница, а сега е позната по затворот и немилите настани од 2004 година.

За државјаните на Ирак затворот има долга и мрачна историја и претставува место за злоставување и мачење од страна на властите, кои се менуваа во Ирак -Садамовата, потоа американската окупација и како што тврдат критичарите од моменталниот режим на премиерот Нури ал Малики.

Групите за човекови права тврдат дека Малики ги наполнил ирачките затвори вклучувајќи го и Абу Граиб со сунитски момчиња, од кои повеќето имаат врска со екстремистите, но има и потполно невини.

abugraib13

Американските војници помеѓу останатите злоставувања, ги принудувале затворениците на сексуални односи, ги терале голи да направат пирамида од своите тела, им врзувале каиши за кучиња, ги фотографирале голи, се со цел да ги принудат да прозборат.

Откритието од 2004 година дека американските војници ги мачеле затворениците го обедини незадоволството кај Ирачаните против нивниот окупатор и можеби засекогаш го извалка наследството на американската интервенција во Ирак, заклучи „Њујорк тајмс“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас