ФОТО: Стотина уапсени во протест на велосипедисти околу Олимпискиот парк

Од:

Стотина лица, сите велосипедисти, се уапсени синоќа откако се судрија со лондонската Метрополитен полиција во непосредна близина на Олимпискиот Парк.

Инцидентот се случи околу 22:30 часот во време додека траеше церемонијата на свеченото отворање на Олимписките Игри. Велосипедистите се собрале претходно на своето „вообичаено возење“ низ улиците на источен Лондон, но биле запрени од полицијата кога сакале да возат по вообичаената траса, која сега е затворена од безбедносни причини поради одржувањето на Олимпијадата.

Кога највоинствените велосипедисти се обиделе насила да поминат, полицијата употребила сила, недозволувајќи и на целата група да го продолжи движењето, но и да се врати назад.

Претставник на полицијата изјави дека сите се уапсени за повреда на јавниот ред, како и за обид за попречување на церемонијата на отворањето на Игрите. Велосипедистите тврдат дека немале такви намери, иако признаваат дека меѓу нив имало возачи кои се против Олимпијадата и нејзиното одржување во Лондон.

Претставник на велосипедистите изјави утринава дека најголемиот дел од толпата на две тркала се припадници на движењето за популаризација на велосипедот и велосипедизмот низ улиците на британскиот главен град. Тие редовно се собираат на вакви возења низ улиците на Лондон и признаваат дека досега немале проблеми со полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв