Повеќе од триста проекти од 50 земји кои се избрани во 29 категори, ќе се натпреваруваат за наградите на Светскиот фестивал на архитектурата. Сите проекти ќе бидат оценувани на тридневниот фестивал кој ќе се одржи од 2 до 4 октомври во Сингапур.
[nggallery id=209]
Меѓу највредните дела од ахитектурата кои уште сега претендираат за вредните признанија се Хејдар Алијев центарот во Азербејџан, Музеј во Холандија направен од вертикални дрвени делови, дел од хотелскиот комплекс во Виетнам, 24-катната деловната зграда во Шангај, Националниот аквариум во Данска, зградата на новата клиника во Чикаго, 25 катна зграда во Обединетите Арапски Емирати.
Ниту еден нов објект од „Скопје 2014“ поради кои како што вели власта е зголемена посетата на туристите во Скопје не е во ниедна конкуренција ниту пак се појавил како дел од трката. Барокот и неокласицизомот ни оддалеку не се тренд во светот, не од сега, туку многу одамна.