(ФОТО) Шпанскиот крал спиел со 1.500 жени, а и се додворувал и на принцеза Дајана

Од:

Шпанскиот крал Хуан Карлос, по 39 години владеење одлучи да ја напушти власта и својата круна да му ја предаде на својот син, принц Филип.

Меѓутоа сето внимание е насочено кон неговото семејство и неубедливиот брак, бидејќи пред две години излезе книга во која авторката Пиљар Еире наведе дека кралот спиел со 1.500 жени и дека со својата сопруга не е во добри односи, веќе 35 години.

10423400_10203980173170592_1443590641_n

Во Мадрид јавна тајна е дека кралот Хуан Карлос е љубител на жени, а единствена жена со која поминува сосема малку време е неговата сопруга Софија, чиј што брат е поранешен крал на Грција, Константин Втори.

Во книгата Еире откри многу пикантерии од интимниот живот на кралот на Шпанија.

Во неа стои и дека кралот чувствувал симпатии кон починатата британска принцеза Дајана, која тогаш имала само 25 години. Наводно тој и се додворувал на Дајана, кога таа, принцот Чарлс и нивните синови ги поминувале празниците во кралската палата на Мајорка, како гости на кралот Хуан Карлос и кралица Софија.

10416796_10203980173210593_1141384882_n

Принцезата од Велс секогаш негирала дека некогаш се случило нешто меѓу нив, но признала дека Хуан Карлос бил толку шармантен, што понекогаш можеби и претерувал со вниманието кое и го посветувал.

1291523_10203980173090590_1950844666_n

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски