ФОТО: Опасност од цунами по силниот земјотрес во Нов Зеланд

Од:

Цивилната одбрана на Нов Зеланд предупреди денеска на опасност од цунами на источниот брег на Јужниот остров по силниот земјотрес кој го погоди градот Крајстчерч.

Новозеландскиот весник „НЗ Хералд“ пренесе дека, според очевидци, забележан е бран цунами со височина од два метри кај градот Каикоура.

Нов Зеланд земјотрес

Според податоците на Американската геолошка служба земјотресот беше со јачина од 7,4 степени, проследен со голем број последователни потреси.

Нов Зеланд земјотрес

Цивилната одбрана ги советуваше жителите на источниот брег на Јужниот остров да се поместуваат кон север, дополнувајќи дека се уште е рано да се процени штетата и да се соопшти дали има повредени во земјотресот.

Премиерот на Нов Зеланд Џон Ки на Твитер изрази надеж дека сите се на безбедно по земјотресот и оти Цивилната одбрана ја проценува штетата.

Нов Зеланд земјотрес

Во главниот град Велингтон, луѓето излегоа на улиците, се слушаат сирени и владее голема вознемиреност.

– Цела куќа се поместуваше како змија, некои работи се искршени, а снема и струја, изјави жителка на Такаке, градот кој е речиси на врвот на Јужниот остров.

Нов Зеланд земјотрес

Според податоците на Американската геолошка служба, земјотресот зафатил 91 километар од Крајстчерч, град кој во февруари 2011 година беше погоден од силен земјотрес во кој настрадаа 185 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак