ФОТО: Околу 100 демонстранти уапсени во Њујорк

Од:

Околу 100 демонстранти се уапсени вчера во Њујорк за време на протести, поради кои со часови бил блокиран сообраќајот околу њујоршката берза во Менхетн.

climate-march.jpeg-620x412

Протестите се одржале поради незадоволство од финансиската елита која придонесува за климатските промени. На вчерашниот собир учествуваа стотици демонстранти, но претходниот ден околу 310.000 луѓе излегоа на улиците на Њујорк, што според активисти на движењето против климатските промени било најголемиот протест по оној во Копенхаген пред пет години.

Occupy Wall Street Climate Summit

Демонстрантите вчера го запреа движењето низ улицата „Бродвеј“, обидувајќи се да ги отстранат металните полициски барикади, по што полицијата употребила солзавец и почнала со апсење.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски