ФОТО: Илјадници Шпанци протестираа против невработеноста

Од:

Илјадници Шпанци денеска демонстрираа ширум земјата, поради големата невработеност, која како што велат е резултат на владината неспособност и корупциските скандали.

Протестите во Мадрид и уште 60 други места ги организираа околу 150 организации, меѓу кои и синдикати од областа на градежништвото, автомобилската индустрија, како и полициската и здравствената служба.

321140_spanija-pro-ap_f

Многумина демонстранти истакнаа пораки против премиерот Маријан Рахоја и владеачката партија Народна партија, за која се поврзани многу истраги поради корупција.

Според наводите на полицијата, во Барселона се собрале околу 20.000 демонстранти, но властите не изнесоа податоци за бројката во Мадрид.

321138_spanija-pro-ap2_f

Невработеноста во Шпанија достигна 26 проценти, при што многу студенти и квалификувана работна сила бараат работа во странство.

Претставникот на Генералниот работнички синдикат, Кандидо Мендес изјави дека е јасно дека народот ги отфрли строгите владини мерки за штедење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски