(ФОТО) Еве како функционира Исламска држава: Воено собрание одлучува за живот и смрт

Од:

Најмоќната милитантска организација ИСИС во својата историја има долг список на советници, министри и гувернери. За да го одржи под своја контрола подрачјето со повеќе од четири милиони жители, Исламска држава има строго и добро разработена хиерархиска структура, пишува „Јутарњи.хр“.

Лидерот на организацијата Абу Бакр ал Багдади заповеда со неколку собранија, специјализирани за од продажба на нафта, до донесување на одлука за тоа кој заробеник треба да се егзекутира.

Деталите за организираноста во калифатот, се пронајдени на УСБ-стик, кој ирачката војска го пронашла во куќата на убиениот поранешен шеф на воените операции на ИСИС во Ирак, Абу Абдула Рахман ал Билави.

Со тоа за прв пат и во детали е откриена анатомијата на организацијата, која предизвикува страв кај аналитичарите, дури и повеќе од Ал Каеда.

Додека организацијата која ја основа Осама бин Ладен, секогаш функционира како тесен круг на лица од доверба, со кои денес заповеда Ајман ал Завахири, ИСИС воспостави многу покомплексна структура, која им помага бргу да реагираат на промени и проблемите со кои се соочуваат. УСБ-стикот открива дека калифот ал Багдади има двајца свои заменици, односно Абу Муслим ал Туркмани кој управува со Ирак и Абу Али ал Анбари, кој е задолжен за Сирија. За разлика од Багдади, Туркмани и Анбари се искусни воени заповедници, кои биле на високи функции во силите на поранешниот ирачки диктатор, Садам Хусеин.

10699072_10204836856827148_1075851320_n

Ал Анбари кој раководи со операциите во Сирија, бил генерал на Садам, а потекнува од провинцијата Мосул, додека Ал Туркмани бил потполковник и работел за воена разузнавачка служба, а некое време бил и лидер на специјалните сили. Сето тоа ја објаснува и брзо воспоставената и професионално разработена цврста внатрешна структура на ИСИС. Аналитичарот Хашим ал Хашими истакнува дека тука лежи силата на ал Багдади. За само три години организацијата од маргинална џихадистичка група, стана финансиски силна и најдобро вооружена милитантна групација, во модерната историја.

Според зборовите на ал Хашими,финансиската состојба на ИСИС се подобрила за 1,5 милијарди долари, со заземање на нафтенитеполиња во северната сириска провинција Деир ал Зур и градот Мосул. Бегството на ирачката редовна војска од окупираните подрачја на милитантите им овозможи оружје и возила од американско производство, вредни милиони, а можеби и милијарди долари. Багдади покрај двајцата заменици именувал и кабинет од седум лица, а секој член е одговорен за своето подрачје, општо управување, безбедност, заложници, финансии во Ирак, интерни пораки и регрутирање на борци од странство.

10711613_10204836856787147_2093369445_n

Кабинетот е советодавно тело на Багдади, кој именувал и по 12 гувернери во Ирак и Сирија. Тие гарантираат дека наредбите се извршуваат на терен, а секој од тие 24 гувернери е одговорен за одредено подрачје, кое што е под контрола на ИСИС, но има и советници кои им помагаат да управуваат и со најситните сегменти од животот.

Секој гувернер ја надгледува работата на осум собранија, односно финансиско (за продажба на нафта и набавка на оружје и останати работи), управно ( за имплементација и состав на закони), воено( одбрана и територии), судство (злосторства и казни), помош (опременост на борците), безбедност ( полициска делатност во државата), разузнавачко ( собирање информации) и медиумско ( издавање соопштенија и надзор при употреба на социјалните мрежи). Регионалните собранија дејствуваат врз основа на наредбите на гувернерите, кои пак работата по налог на Багдади, но и според законите и советите кои ќе ги објави моќната организација која соработува со Багдади и неговите заменици.Военото собрание го сочинуваат верски и воени експерти, меѓу кои се Абу Шема, Абу Суја и Абу Кифах.

Според мислењето на Јасмин Оперман, директорка на јужноафриканскиот оддел на аналитичката компанија ТРАЦ, ИСИС најверојатно е поделен на сириска и ирачка подружница, бидејќи тоа им го олесува управувањето.

-ИСИС го гледа калифатот како една држава, но постојат две влади. Таа поделба е административна. Тие не сакаат да го урнат единството на калифатот, но за да го олеснат владеењето принудени се да направат поделба помеѓу Сирија и Ирак – смета Оперман.

Членовите на Военото собрание имаат моќ да ги казнуваат и сменат не само високите функционери, туку и Багдади доколку забележат дека го прекршува исламскиот закон. Оперман верува дека страшните одлуки како оние за егзекуција на заложниците, масакрот на језидските старешини и убиствата на 50 наредници на сириската џихдистичка група Ахрар ал Шарм, морало да поминат преку Военото собрание. -Багдади го гледам како пастир, а неговите заменици како кучиња кои го чуваат стадото. Успехот на пастирот зависи од успехот на неговите кучиња – истакнува аналитичарот ал Хашими. Според податоците на ЦИА, ИСИС заповеда со војска од 20.000 до 31.500 борци, меѓу кои има 3.000 странци. Високите функционери добиваат плата од 300 до 2.000 долари месечно. Семејствата на загинатите имаат гаранција дека ИСИС ќе се грижи за нив, а за тоа е задолжен Абу Салах.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС