Форсин Полиси: Притисоци врз Јеремиќ пред дебатата на 10 април

Од:

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации Вук Јеремиќ се наоѓа во мисија на враќање на српскиот престиж на светската сцена, но следниот месец ќе се соочи со отпор на некои делови на меѓународната заедница во врска со јавната дебата за работата на меѓународните кривични судови, пишува Форин Полиси.

Американското списание, кое ја следи меѓународната политика, го опишува Јеремиќ како хиперактивен политичар, кој се труди со позицијата, што ја има во моментов да ја промени сликата за Србија, која е создадена во ’90-те години на минатиот век.

– Како и многу други нации и мојата мина низ периоди на трагедии и периоди на слава, жртвувајќи се секогаш кога било потребно за одбрана на слободата. Една четвртина од нашата нација го загуби животот за време на Првата светска војна, додека во Втората светска војна околу милион Срби загинаа борејќи се против фашизмот, ги пренесе списанието неговите зборови од октомври минатата година, непосредно по преземањето на функцијата во ОН.

Форин Полиси пишува дека Јеремиќ за 10 април закажал дебата, што е датум кој се поклопува со 72-годишнината од формирањето на профашистичката држава Хрватска.

Јеремиќ ќе се соочи со отпорот на некои влади и меѓународни правници, кои сметаат дека тој ја злоупотребува својата позиција за да ги промовира српските национални интереси, додава Форин Полиси.

Списанието пишува дека изминатите денови повеќе меѓународни правни експерти го откажале учеството на јавната дебата, вклучувајќи го и претседателот на Меѓународниот кривичен суд Сонг Санг-хјун, кој најпрво го потврдил присуството, а потоа го откажа.

Меѓу тие кои го откажаа учеството се и претседателот на Парламентарното собрание на државните-членки на Меѓународниот кривичен сид, Тина Интелман и извршниот директор на Хјуман Рајтс Воч Кенет Рос. Специјалниот советник за превенција на геноцид на Бан Ки-мун, Адам Диенг и правничката во канцеларијата на генералниот секретар на ОН Патриша О’Брајен исто така изјавија дека нема да бидат во можност да присуствуваат на расправата.

Јеремиќ за Форин Полиси изјави дека е забележано дека откако некоја личност ќе го прифати учеството, таа се јавува после неколку дена со жалење дека сепак нема да може да дојде.

Вашингтонскиот весник додава дека многу влади, вклучувајќи ја и американската покажале нервоза во врска со коментарот на Јеремиќ за ослободителните пресуди на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.

– Но тој отиде чекор понатаму, закажувајќи ја големата конференција на ОН за 10 април, се вели во текстот.

Конференцијата е планирано да почне со тоа што сите 193 членки на ОН ќе имаат можност да одржат говор, а попладнето ќе бидат одржани две панел дискусии.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство