Форин Офис: Полуостровот Крим е Украина и Русија мора да го врати

Од:

Полуостровот Крим е Украина и Русија мора да го врати назад, се вели во соопштението на британскиот Форин Офис, по повод претстојната официјална посета на шефот на дипломатијта Борис Џонсон на Киев.

Во соопштението се вели дека посетата на министерот Џонсон се совпаѓа со тригодишнината од руската агресија врз територијата на Украина и „флагрантното кршење на меѓународното право“ со извршената анексија врз Крим.

Британскиот министер за надворешни работи, во украинскиот главен град ќе престојува заедно со шефот на полската дипломатија Витолд Варшчиковски.

Двајцата министри во Киев ќе имаат средби и разговори со претседателот на Украина, Петро Порошенко, со премиерот Гросман и со министерот за надворешни работи, Климкин.

Ваквата посета се организира во чест на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Украина со својот прв сосед, Полска и со Велика Британија, по излегувањето на оваа поранешна советска република од некогашниот Советски Сојуз.

Џонсон и Варшчиковски во украинскиот главен град, по овој повод, патуваат за да и ја изразат на Украина „ непоколебливата поддршка„ на Британија и Полска на украинската целовитост и сувереност.

Британија и Полска учествуваат со најголем број свои претставници во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Источна Украина кои имаат задача да го надгледуваат прекинот на огнот и повлекувањето на тешкото оружје од овој дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски