Форбс Украина: Русија потроши четвртина од својот буџет за војната во Украина

Од:

Русија од 24 февруари до денеска за војната во Украина потрошила 82 милијарди долари или четвртина од својот годишен буџет, проценува Форбс Украина.

Буџетските приходи на Русија во текот на 2021 година изнесуваа 340 милијарди долари, што значи дека Руската Федерација за воени операции веќе потрошила четвртина од минатогодишните приходи, пишува „Гардијан“.

Оваа проценка ги вклучува директните трошоци кои се неопходни за поддршка на воените операции, но не ги вклучува редовните трошоци за одбрана или потенцијалните загуби што Русија ги претрпе поради намалениот извоз на нафта и гас во европските земји, бидејќи приходите од федералниот буџет од извозот на енергија се намалуваат.

Русија пред почетокот на војната во Украина заработувала околу една милијарда долари дневно од извоз на енергетски производи, пишува „Гардијан“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков