Фондацијата „Нелсон Мандела“ го поздрави завршувањето на претседателскиот мандат на Доналд Трамп и го повика новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да ги реши проблемите на „расизмот, сексизмот, ксенофобијата и афрофобијата“.
„Со олеснување видовме како претседателот Доналд Трамп е победен на изборите. Како и многумина низ светот, го славиме фактот дека веќе нема да го гледаме како ги поткопува демократските институции”, наведуваат од фондацијата
Фондацијата, истовремено, го повика Трамп да ја поддржи транзицијата на власта.
„Како што Нелсон Мандела честопати зборуваше, добриот лидер знае кога да замине. И како тоа да го направи на соодветен начин. Се уште не е доцна Трамп тоа да го прифати на достоинствен начин, како за себе така и за другите”, се наведува во соопштението на фондацијата.