Флорида го врати правото на глас на поранешните затвореници

Од:

Милион и половина поранешни американски затвореници кои ги отслужиле казните повторно добија право на глас на Флорида, откако гласачите одобрија промена на законот, кој посебно ги засегаше Афроамериканците кои преовладуваат во затворскиот систем.

Освен за членови на Конгресот и Сенатот, жителите на Флорида се изјаснуваа и за амандманот 4, со кој автоматски им се враќа правото на глас на лицата кои отслужиле затворска казна, а не извршиле сексуално злосторство или убиство. измените на законот ги одобрија 64,38 отсто од гласачите.

Досега тие лица мораа да чекаат најмалку пет години откако ја отслужиле казната за да можат да побараат да им се врати правото на глас, пренесува Хина.

Флорида е американска сојузна држава во која има најголема популација на возрасни луѓе на кои им се одземени правата поради политика стара 150 години, а од која најмногу се погодени Афроамериканците и Хиспаноамериканците. Поради тој, отсега неважечки закон, секој петти Афроамериканец на Флорида немаше право на глас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски