Финското радио воведе емисија за читање на целиот Куран

Од:

Финското државно радио Yle почна од овој викенд со емитување на 60 получасовни емисии во рамките на кои во целина ќе биде читана светата муслиманска книга Куранот, со цел да се подобри познавањето на муслиманската култура во таа скандинавска земја.

Радиото соопшти дека емисијата е посветена на оние кои се заинтересирани за религијата, историјата на религијата и културата.

Секоја емисија почнува со разговор на преведувачот на Куранот на фински јазик, професорот Јака Хамен Антила со имамот на финската исламска заедница Анас Џахар, а светата исламска книга ја чита Пека Саволајнен.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател