Финското образование најдобро во светот

Од:

Образованието и образовниот систем во Велика Британија се рангирани како шести во светот, без разлика што земјата, заедно со САД, се наоѓа на врвот, кога станува збор за универзитетското образование и за рејтингот на британските високообразовни институции, јави дописникот на МИА од Лондон.

Според табелета што ја направи угледната образовна фирма „Пирсон“, пред британското образование се рангирани Финска, која е прва, па јужна Кореја и уште три други азиски земји-Хонгконг, Јапонија и Сингапур. Зад Велика Британија, меѓу првите десет најдобри образованија во светот се наоѓаат Холандија, Нов Зеланд, Швајцарија и Канада.

Претставникот на фирмата „Парсон“, Мајкл Барбер објасни дека рангирањето на табелата е правено според резултатите од меѓународните тестови, како и според неколку други елементи, меѓу кои тој го споменува и бројот на дипломците, во периодот меѓу 2006 и 2010 година.

– Успешните земји, кои се во самиот врв на ова рангирање, им даваат на учителите висок статус и имаат создадена висока „култура на образованието“, што е мошне силен фактор за високата позиција на нивното образование во светот, изјави Барбер.

Моќните економии и земји со угледните универзитети, како САД, Германија и Франција се рангирани како „средноразвиени образовни системи“, па германското образование е на 15 место, американското е седумнаесто, а француското го нема меѓу првите 20 најдобри. Пред нив се Ирска, Данска, Австрија и Полска, како и Белгија, Унгарија и Словачка. Образованието на Русија е рангирано на 20 место. Најлошо рангирани од земјите што се ставени на глобалната табела, се Мексико, Бразил и Индонезија.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска