Фински новинари прогласени за виновни за оддавање државни тајни

Од:

Суд во Финска денеска пресуди дека двајца новинари на најголемиот дневен весник Хелсингин саномат се виновни за објавување тајни воени информации, во редок криминален случај за ограничување на слободата на медиумите во таа нордиска земја.

Окружниот суд во Хелсинки го казни Туом Пиетилаинен, главниот автор на извештајот „Најтајното место во Финска“ од 2017 година, а неговата колешка Лаура Халминен, иако беше прогласена за виновна, остана неказнети за нејзината споредна улога во написот во весникот.

Финска со години беше на врвот на листата на земји со најголема слобода на медиумите според Репортери без граници (РСФ), но минатата година падна на петтото место на листата од 180 земји, делумно поради споменатиот случај.

„Ако судот во Финска, земјата која е највисоко рангирана според индексот на слободата на печатот, ги гони новинарите за известување за прашања од националната безбедност, каква порака испраќа тоа до пониско рангираните земји“, прашува РСФ во соопштението, додавајќи дека тоа е „опасен преседан“.

Во извештајот на весникот Хелсингин саномат беа објавени информации стари десет години за локацијата и задачите на разузнавачката единица на одбранбените сили, додека парламентот расправаше дали да ги прошири своите овластувања за следење на приватните податоци на дигиталните мрежи.

Во соопштението, судот наведе дека весникот и открил на јавноста „информации поврзани со воената разузнавачка служба означени како строго доверливи, заради надворешната безбедност на Финска“.

Судот, исто така, одлучи дека објавените податоци немаат никаква врска со законот за кој расправа парламентот и дека написот во весникот не открива никакви проблеми или злоупотреби што би го оправдале објавувањето на текстот.

Главниот уредник на дневниот весник „Хелсингин саномат“, Антеро Мука изјави дека е разочаран од пресудата и дека и покрај лесната казна, нанесена е штета на слободата на медиумите.

Новинарите можат да се жалат на пресудата. Обвинителите побараа условна затворска казна од најмалку 18 месеци за новинарите и за главниот уредник.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања