Финска изутринава официјално објави, само еден ден пред почетокот на Советот на Министрите за правда и за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија, дека се противи на влегувањето на Романија и Бугарија во Шенгенскиот простор, објави романскиот весник „Романија либера“.
Министерот за внатрешни работи на Финска Пејви Ресенен изјави дека Романија и Бугарија биле примени во Европската унија премногу лесно, објави електронското издание на финската телевизија „YLE“.
Позицијата на Финска не е поврзана со проблемот со Ромите, кои питачата на улиците. Причината е високото ниво на корупција и непочитување на правата на правна држава, објасни Ресенен.
Спроед весникот Владата и Парламентот на Финска сметаат дека Романија и Бугарија се силно корумпирани и не ги почитуваат принципите на правна држава, што е услов за пристапување на Шенгенскиот простор.
Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека има најмалку седум земји кои се противат на влезот на Романија и Бугарија во Шенген простроот, без да ги именува.