Финска ќе ја затвори границата за руските туристи од утре

Од:

Финска ќе ја затвори границата за руските туристи од утре, потврди денеска финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто.

Границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски граѓани.

Имено, Русите кои ги посетуваат семејствата, работат или студираат во Финска сепак ќе можат да влезат во таа земја.

Финска, имено, сака драстично да го ограничи бројот на Руси кои влегуваат во земјата. Да потсетиме, по прогласувањето на мобилизација за војната во Украина, илјадници Руси почнаа да бегаат во соседните земји, меѓу кои и Финска.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли