Финска и Данска го унапредија палестинскиот статус

Од:

Финска и Данска вчера го унапредија статусот на палестинските дипломатски мисии, извести шефот на финската дипломатија, Ерки Туомиоја и неговиот дански колега Вили Соевндал, по состанокот со нордијскиот шеф на дипломатија во Стокхолм.

Соевндал истакна дека тој чекор значи дека Палестина ќе добие ист статус како амбасадите на останатите држави во Хелсинки и Копенхаген, додавајќи дека двете држави веруваат дека палестинската самоуправа стигна многу далеку последниве години.

Сите пет нордијски држави, вклучувајќи ги и Шведска, Норвешка и Исланд гласаа за унапредување на палестинскиот статус во Генералното собрание на Обединетите нации во ноември, минатата години.

Со тоа е признаена палестинската државност, на што остро се спротивставија САД и Израел, истакнувајќи дека патот до независна држави оди низ преговорите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он