Финска го забрзува развојот на електрични патнички авиони

Од:

Финското Здружение на електрични авиони соопшти дека ќе го забрза развојот на електричен патнички авион.

Првиот електричен авион во Финска, со две седишта, „Пипистрел Алфа Електро“, првпат полета на 31 јули 2018 година.

Компанијата „Финавиа“, што управува со аеродромите во Финска, денеска потпиша договор со Здружението на електрични авиони во Хелсинки, со што се обврзува да го финансира развојот на електричен авион за комерцијални цели, а потоа да започне со купување на таков вид летала.

Авионот се очекува да има капацитет да пренесе од девет до 20 патници и да лета до 400 километри, соопшти Здружението.

Со помош на електрична авијација летовите ќе бидат поволни за животната средина, а електричните авиони ќе бидат еколошки вид на транспорт. Авторите на проектот потенцираат дека електричните авиони работат тивко, па значително ќе биде намалено нивото на бучава.

Првиот лет на новиот електричен авион во Финска се очекува да се случи во 2025 година.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател