Филипинскиот претседател Акино мировната операција на ОН на Блискиот Исток ја прогласи за „невозможна мисија’’

Од:

Филипинскиот претседател Бенињо Акино најави дека учеството на војници од неговата земја во мировните операции на ОН на Голанската висорамнина за сега е замрзнато.

Тој смета дека заробувањето на триесетина војници од страна на сириски бунтовници, минатиот месец, било последица на слабото наоружување на „сините шлемови’’, кои според правилата за воено посредување на Обединетите Нации, имале само лесно наоружување, недоволно да се спротистават на борците од радикалните исламистички групи.

Ваквата опременост на мировниците на ОН во кризните подрачја, рече Акино, ја прават оваа операција „невозможна мисија’’.

Претседателот Акино зборуваше пред припадниците на филипинскиот одред на „сини шлемови’’ кои беа заложници на муслиманските бунтовници во Сирија, а со негово лично посредување во инцидентот немало жртви. Филипинските војници се вратија дома, а дали Филипините ќе испраќаат нови мировници,ќе зависи од резултатите на истрагата што ја спроведува посебна комисија на светската организација.

Бенињо Акино најави дека и тој и целата нација ќе бидат посреќни ако филипинските војници и полицајци, наместо во други држави, времето го потрошат за да ја организираат безбедноста на папата Франциско, кој на Филипините треба да престојува во февруари идната година.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод