Филипините добија вербална поддршка од САД, но се сомневаат во конкретна воена помош

Од:

Со дводневниот престој на Филипините и заедничка вечера со шефот на филипинската држава Бенињо Акино, американскиот претседател Барак Обама ја завши еднонеделната азиска турнеја, при која ги посети и Јапонија, Јужна Кореја и Малезија.

Според првите американски проценки, посетата го зацврстила сојузништвото со четирите држави, особено со Јужна Кореја и Филипините, додека според првите оценки на аналитичарите од земјите-домаќини, повеќето од најавените придобивки се остварени, но не се исполнија сите очекувања на домаќините.

Тиражниот  „Манила Тајмс“ денеска коментира дека Обама изразил силна поддршка на старо-новото воено сојузништво меѓу Филипините и САД, но дека од неговите изјави не може да се открие дали Вашингтон воено би интервенирал во случај на почеток на вооружено решавање на територијалните спорови околу суверенитетот во Јужното Кинеско Море.

Весникот потсетува дека Обама вербално застанал на странатана Јапонија околу спорот со Кина околу сувереноста на островите во Источното Кинеско Море, но ни тоа, ниту изјавите во Манила. Кина не ги примила како предупредување.

Првата кинеска реакција на она што Обама го направи со оваа посета е ставање сомнеж на најавите дека Вашингтон сака позитивен и конструктивен пристап на односите со Пекинг. Провладиниот „Кина Дејли’“ додава дека оваа турнеја на Обама покажала оти со истакнувањето на сојузништвото со државите кои ги посети, САД не ја скрија намерата да го намалат кинеското влијание во регионот.

Во секој случај, Филипините се повторно најважната територија каде што ќе се одмараат и освежуваат припадниците на американската Седмата флота. Не е објавено колку, но сигурно е дека САД ќе оддели значајни финансиски средства за поддршка на модернизацијата на филипинската армија која, според официјални проценки, е една од најслабо опремените во регионот на југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас