Филипини: Три деца загинаа во тајфун

Од:

Три деца загинаа, а шест рибари се водат како исчезнати во налет на тајфунот Мавар.

Брат и сестра ги однесе надојдената река во западниот остров Палаван, а 7-годишно момче се удави во река источно од Манила, потврдил заменик директорот на Канцеларијата за цивилна одбрана, Флорентино Сисон и додал дека се продолжува со потрагата за исчезнатите рибари, кои биле во три различни бротчиња кога испловиле, пред почетокот на невремето.

Во немирното море, пред два дена, спасени се 32 рибари, откако нивниот брод останал без гориво додека траело невремето.

Тајфунот Мавар се засилил во неделата и достигнал максимална брзина од 120 километри на саат.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он