Филип: Потребна е акција за идејата за европска армија да не остане само на зборови

Од:

Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека земјите-членки на ЕУ треба да преземат посериозни чекори на оперативно ниво за идејата за заедничка европска одбрана да не остане само на зборови.

– Да си признаеме отворено. Ако идејата за одбрана на Европа не биде проследена со поголем оперативен ангажман на земјите членки, таа уште долго ќе остане само на зборови, изјави Филип во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Тој изјави дека ако Европа не се интересира за војната, тогаш војната нема да пропушти да се заинтересира за Европа.

Филип потсети на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање сили за брза интервенција преку поврзување на активностите на армиите на државите заинтересирани за тоа.

Со слични повици за формирање заедничка европска војска вчера се огласија и министрите за одбрана на Германија и Франција, Урсула ван дер Лејен и Флоранс Парли, кои порачаа дека европската одбрана не смее да зависи од САД.

Европската унија минатата година ги постави темелите на Европската одбранбена унија, која со тек на времето би требало да резултира со создавање на заедничка армија на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски