Филип Хамонд: Воздушните напади врз ИД кај Кобане имаат ограничен ефект

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд призна дека воздушните напади на американската авијација врз позициите на џихадистите, кај сирискиот град Кобане „имаат ограничена ефикасност“, како и дека тие не се доволни за да се спречи овој стратешки важен град да падне под контрола на ИД.

Изјавата на Хамонд е идентична со соопштението на американскиот Пентагон дека со бомбардирањата се прави колку што се може, но дека ефектите од воздушните напади се лимитирани.

Освојувањето на Кобане, каде мнозинското население го сочинуваат сириските Курди, ќе им овозможи на џихадистите од ИД  да обезбеденат целосна контрола на долгиот појас кон сириско-турската граница, која во исто време е и граница на НАТО.

Според проценки на репортерите од теренот, се смета дека во борбите досега се убиени околу 400 лица, иако претставник на курдските борци изјави за лондонските медиуми дека тие имаат убиено 300 џихадости.

Изјавата на британскиот министер доаѓа во време кога врз Турција продолжува силниот притисок за да им помогне на Курдите во нивната борба. Турски тенкови се распоредени по граничната линија, но никаква акција ниту операција од таа страна на границата засега нема.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска ги нарече „нереални“ барањата за унилатерална, турска, копнена акција во Сирија против ИД.

Тој на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја пренесе претходно објавената позиција на Анкара, за создавање на безбедносна „тампон“ зона долж сириско-турската граница, како и зона за забранети летови во тој реон.

Франција веќе ја поддржа турската идеја, но САД се против тоа. Од Вашингтон порачуваат дека за тоа не се размислува додека траат борбите за Кабане.

Претставник на американскиот Пентагон објасни дека за видлив успех на стратегијата со воздушните напади е потребно време. Но, тој призна дека проблем е тоа што САД внтаре во Сирија немаат ниту еден способен и ефикасен партнер.

Хамонд кој прифаќа дека ефектот од бомбардирањата е ограничен и недоволен, сепак, вели дека Велика Британија, а и другите сојузници,во овој момент не можат да понудат ништо друго, за да се предизвика пресврт во ситуацијата на теренот.

Курдскиот политичар во Турција, Денис Бестас во изјава за Би-Би-Си, побара создавање на безбедносен коидор за снабдување со оружје на Курдите во Сирија, како и за двање хуманитарна помош за луѓето во Кобане, но малку е веројатно дека овој предлог ќе биде прифатен. Официјална Анкара одбива да им помогне на курдските борци, како и да се конфронтира со џихадистите од ИД.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он