На Фиџи по една година е регистриран случај на Ковид-19 поради што на граѓаните им е наредено да останат дома, ништо нема да работи, а достапни ќе бидат само здравствените услуги.
Вирусот е откриен кај 53-годишна жена. Таа е прва заболена од април минатата година.
Од почетокот на пандемијата на Фиџи имаше сто заразени лица, а двајца починале од последици на Ковид-19.
– Со цел да спречиме понатамошно заразување и да ги следиме контактите на заразеното лице, од денеска прогласуваме карантин во областите Нада и Лаутока, се наведува во соопштението на Министерство за здравство.
Фиџи има 900.000 жители.