Фидел Кастро: НАТО планира „војна до истребување“ против Русија

Од:

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро го обвини денеска НАТО дека планира „војна до истребување“ против Русија.

Кастро во текстот објавен во повеќе државни медиуми посебно се осврнува кон новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, обвинувајќи го за „ширење омраза“ кон Москва и руските сојузници.

– Ги слушав вчера изјавите на новиот генерален секретар на Алијансата. Таква омраза на неговото лице! Колку голем напор презема тој кон Руската федерација, пишува Кастро.

Во написот под наслов „Неизвесна иднина“, 88-годишниот Кастро ја опишува Алијансата како „поекстремна дури и од фанатиците на групата Исламска држава“.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски