Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска разговараше со шефот на американското Министерство за владина ефикасност (ДОГЕ) Илон Маск за затворањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кој му рече дека САД не сакаат парите на нивните даночни обврзници да се користат за мешање во внатрешните работи на други земји.

„Задоволство ми е да ве информирам за средбата со највисокиот претставник на Одделот за владина ефикасност, познатиот мултимилијардер Илон Маск. Разговаравме за затворањето на УСАИД, американска агенција која додели доста големи финансиски средства за невладини организации и медиуми во Словачка“, рече Фицо.

Тој рече дека овие пари потоа ги користеле „антивладините медиуми и разни антивладини организации“ за да ги извршуваат своите активности против словачката влада, пренесува Танјуг.

– Маск не увери дека таа ера е завршена, и дека администрацијата на новиот американски претседател не е заинтересирана да се меша во внатрешните работи на други земји користејќи американски пари, рече Фицо.

Би можело да ве интересира

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО

А1он

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Фицо: Украина не смее да ги прескокне Србија и другите кандидати на патот кон ЕУ

Фицо: Одржувам контакти и со Путин и со Зеленски

А1он

Фицо: Третата светска војна никогаш поблиску

Фицо: Дури и случаен инцидент со беспилотно летало може да доведе до светска војна