Фејсбук на Конгресот денеска ќе му ги даде на увид руските политички реклами

Од:

Компанијата Фејсбук соопшти дека планира денеска да предаде на американскиот Конгрес копии од околу 3.000 политички реклами на својата мрежа за кои се сомнева дека ги купиле Руси за време и по претседателските избори во САД во 2016 година.

Фејсбук веќе призна дека дал информации до специјалниот советник на САД, Роберт Милер во истрагата за руско мешање во претседателските избори.

Москва претходно демантираше вмешаност во американските избори.

Основачот на Фејсбук, Марк Закенберг претходно ги отфрли обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека таа компанија е против него, но додаде и дека жали поради своите изјави по изборите.

Претставници на Фејсбук, Твитер и Гугл се повикани да сведочат пред Разузнавачки комитет на американскиот Сенат на 1. ноември за наводите во врска со мешањето на Русија во американските избори.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ