Фејсбук и Јутјуб ги отстранија објавите на Болсонаро за вакцините

Од:

Нашата политика не дозволува тврдења дека вакцините против Ковид-19 убиваат или можат да им наштетат на луѓето, рече портпаролот на компанијата Фејсбук.

Фејсбук и Јутјуб го отстранија од своите платформи видеото на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во кое тврди дека вакцините против Ковид-19 се поврзани со развојот на сидата.

И двете компании соопштија дека видеото кое е снимено во четвртокот ја прекршило нивната политика.

„Го отстранивме видеото од каналот на Жаир Болсонаро поради кршење на нашата политика за медицински дезинформации во врска со Ковид-19, бидејќи наведува дека вакцините не го намалуваат ризикот од заразување со болеста и предизвикуваат други заразни болести“, се вели во соопштението на Јутјуб.

Иако минатиот јануари рече дека нема да прими ниту една вакцина против Ковид-19, Болсонаро вети дека брзо ќе ги вакцинира сите Бразилци.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Болсонаро e обвинет за обид за државен удар

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски