Федералниот суд за меѓународна трговија на САД ги укина санкциите на Трамп

Од:

Федералниот суд за меѓународна трговија во САД донесе одлука со која ги оспори глобалните царини од 10 проценти за увоз на стоки, оценувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп немала доволна законска основа за нивно воведување.

Судскиот совет утврди дека Белата куќа неправилно ги искористила овластувањата од Законот за трговија од 1974 година, бидејќи не биле докажани економски услови што би оправдале воведување на вакви мерки без одобрение од Конгресот.

Во пресудата се наведува дека законските одредби на кои се повикала администрацијата биле наменети за специфични економски кризи, а не за широка примена врз целиот увоз.

Ова е нов правен удар за трговската политика на Трамп, откако претходно дел од неговите царински мерки беа оспорени и од други судски инстанци.

Судот нареди прекин на наплатата на спорните царини за компаниите кои ја поднеле тужбата, како и враќање на веќе уплатените средства. Сепак, мерките засега може да продолжат да важат за останатите увозници додека траат дополнителните правни постапки.

Од американската администрација веќе најавија жалба на одлуката, додека економските аналитичари предупредуваат дека случајот може дополнително да ја зголеми неизвесноста во меѓународната трговија и кај компаниите зависни од увоз.

Експертите оценуваат дека правната битка околу царините би можела да има пошироки последици не само за американската економија, туку и за трговските односи на САД со клучните меѓународни партнери.

Би можело да ве интересира

Трамп за договорот меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: „Голем, смел и важен прв чекор“

Горан Наумовски

Трамп го нервира поместувањето од летно на зимско време: Доста е овој апсурд

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“

Трамп: Јас само ги следам упатствата на Тајната служба и војската

Трамп: Можеби сум најважниот претседател во историјата на САД

(РЕКОНСТРУКЦИЈА) Трамп ја призна замената, го префрлиле со камион за храна од еден во друг авион