Фава: Италијанската разузнавачка служба на мафијашките шефови им плаќала за корисни информации

Од:

Италијанскиот пратеник Клаудио Фава осуди таен договор, според кој припадници на разузнавачката служба на водечките мафијаши, кои се наоѓале во затвор, неколку години им плаќале за информации и тоа се случувало во времето кога премиер на Италија беше Силвио Берлускони, пренесоа американските медиуми.

Фава, кој е заменик претседател на парламентарната комисија за борба со мафијата, пред новинарите изјави дека судиите и обвинителите, кои ги истражувале организираните криминални мрежи во Италија, не биле информирани за праксата, опишана во писмениот протокол меѓу веќе распуштената Служба за информации и безбедност и националната служба за управување со затворите.

За оваа пракса се дознало во јули кога премиерот Матео Ренци ја симнал тајноста од документот.

Договорот бил активен од 2003 до 2007 година.

Комисијата денеска ќе почне сослушување за да утврди дали информациите што биле добиени од мафијашите биле корисни.

Фава се сомнева дека информациите може да биле користени за спречување на истраги за откривање на евентуални врски меѓу политичарите и мафијата.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага