Фаучи: Трамп ме слуша, но не можам да ги спречам изјавите за Кина

Од:

Врвниот експерт за инфективни болести во САД, д-р Ентони Фаучи, изјави дека „не може да скокне пред микрофонот“ за да го спречи американскиот претседател Доналд Трамп да повтори дека Кина требала порано да го предупреди светот за новиот коронавирус.

Фаучи во телефонското интервју за списанието „Сајенс“ рече дека Трамп „го слуша, иако околу некои работи не се согласуваат“.

– Тој оди по свој пат. Тој има свој стил. Но, за важни работи, слуша што му кажувам, рече Фаучи, долгогодишен директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.

На неодамнешниот брифинг, Трамп се пожали дека Кина требало многу порано да му каже на светот за вирусот, но Фаучи рече дека им појаснил на соработниците на Трамп дека тоа било невозможно затоа што „два-три месеци порано би значело – септември“.

Фаучи вели дека тие може да го предупредат да не ја повтори изјавата, но дека доколку претседателот одлучи повторно да го каже тоа, тој „не може да скокне пред микрофонот и да го спречи“.

Минатата недела Трамп и Фаучи учтиво, но јавно дебатираа дали лекот од маларија ќе дејствува во лекувањето на луѓето заболени од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски