Фаучи: Бајден и Харис треба што побрзо да се вакцинираат против Ковид-19

Од:

Директорот на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести Ентони Фаучи денеска изјави дека новоизбраниот претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис треба што побрзо да се вакцинираат против новиот коронавирус.

Тој исто така ги повика претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс да се вакцинирани.

Во САД вчера почна имунизација со вакцината на компаниите Фајзер и Бионтек.

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во САД надмина 300.000. Од почетокот на епидемијата, во САД починале најмалку 300.267 луѓе, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. Пријавени се над 16 милиони заразени, повеќе отколку во која било друга земја.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа