Фараж ја обвини Тереза Меј за откажување од новиот систем за мигранти

Од:

Лидерот на заминување на британската, антиевропска Партија за независност на Обединетото кралство (УКИП) Најџел Фараж, го обвини премиерот Тереза Меј дека „отстапува“ од ветувањата околу новиот систем за мигрантите од земјите на ЕУ.

Фараж и неговата антиимигрантска партија, пред и во текот на кампањата за референдумот од 23 јуни, заговараа блокирање на влегувањето на европските мигранти, со воведување на нов систем за поени за секој кој сака да работи и да се насели во Британија.

Овој систем, означен како „вистинско решени“ за блокирање на мигрантите од ЕУ и за воведувањето „повторна контрола на британските граници“ го заговараа и лидерите на кампањата за Брегзит – Борис Џонсон и Дејвид Дејвис и сите нивни истомисленици.

Џонсон е сега министер за надворешни работи, а Дејвис е министер задолжен за реализацијата на Брегзит, во Владата на Меј, но новиот владин состав сега заговара ново решение.

Според проконзервативниот „Дејли Мејл“„ премиерката смета дека државјаните на ЕУ кои сакаат да се преселат во Британија, прво ќе мораат да имаат обезбедено постојана работа.

Весникот тврди дека новиот план за блокирање на работната сила од ЕУ е со многу построги услови за влез во Британија, па според тоа и обезбедува подобра заштита од наплив на европски мигранти.

Системот што се означува како „немаш работа, немаш влез во Британија“ сепак, не го задоволува Фараж.

Овој десничарски британски политичар кој го отвори процесот за напуштање на ЕУ, обвинувајќи ги странците и посебно оние од земјите на ЕУ, дека ја загрозуваат британската иднина, смета дека Тереза Меј не се држи за ветувањето.

Тој верува дека системот на поени за секој апликант за влез во Британија е „подобро и побезбедно“ решение и ја обвинува Меј дека се откажала од решението, кое покрај УКИП го подржуваа и многу конзервативци.

Системот на поени го користат Австралија и Нов Зеланд, но тоа решение не е непознато во Британија, затоа што беше нудено од владата уште пред седум-осум години за одбрана од имигрантите и азилантите од разни страни.

Првиот напад од Фараж и УКИП кон Меј доаѓа во време кога во Франција се бара растурање на „дивиот“ камп кај Кале на брегот на Ламанш, полн со бегалци и мигранти од Африка, Блискиот Исток и Азија кои сакаат да се префрлат во Британија.

Француските политичари од опозицијата заговараат префрлање на мигрантите од Франција, на британската страна од каналот, сега кога Британците се определиле за Брегзит.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци