ФАО: Потребна е помош во храна во 37 држави

Од:

Дури 37 земји се соочуваат со недостиг на храна, предупреди денеска Меѓународната организација за храна и земјоделство (ФАО).

Поголемиот број од тие земји – 28 се наоѓаат во Африка, а како причина за недостигот на храна, во извештајот на ФАО се наведуваат временските услови и судири. Ситуацијата во северниот дел на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен е загрижувачка бидејќи повеќе од 20.000 лица во овие земји се соочуваат со недостиг на храна.

Во извештајот на ФАО се наведува дека производството на пченица годинава треба да биде над просекот и оти производството во Јужна Африка ќе биде подобрено. Меѓутоа 13 од 37 држави и понатаму се загрозени од глад.

Вкупниот број на жители во Африка на кои им е потребна хуманитарна помош изнесува 23,6 милиони, што е за 2,5 милиони повеќе од минатата година.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Северна Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

Ана Ололовска