ФАО: Цената на храната се зголеми за прв пат оваа година

Од:

Цената на храната во светот, во јуни, се зголеми по првпат оваа година и покажуваа мала стабилизација по остриот пад предизвикан од пандемијата на коронавирус, соопшти Агенцијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО).

Индексот на ФАО на цената на кошничката со основни прехранбени производи се зголеми за 2,4 проценти во јуни во однос на претходниот месец, на просечни 93,2 бода.

Во услови на континуирана пазарна неизвесност, цените на растителните масла, шеќерот и млечните производи се стабилизираа по остриот пад во мај, достигнувајќи најголемо ниво во повеќе месеци, додека цените на житото и месото останаа под притисок на пазарот, се наведува во извештајот.

Цените на растителното масло најмногу пораснаа во јуни, за 11,3 проценти, што се одраз, пред сè, на порастот на цената на палминото масло, како резултат на закрепнувањето на глобалната побарувачка и стравот од можни проблеми со производството, како резултат на недостигот на работници мигранти поради пандемијата на коронавирус.

Цените на шеќерот се зголемија за 10,6 проценти во однос на мај, благодарение, делумно на извештаите за тесните грла во бразилските пристаништа поврзани со мерките за спречување на ширењето на вирусот, посочи ФАО.

Индексот, кој го покажува движењето на цените на млечните производи се зголеми за четири проценти, но цените на сите нејзини составни елементи останаа под нивото забележано пред ширењето на пандемијата, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство