ФАО бара 350 милиони долари за да спречи глад

Од:

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активности во борбата против гладот ​​и да се подобрат животните услови поради кризата со храна што може да настане како последица од пандемијата.

И покрај тоа што допрва треба да се види целосното и долгорочното влијание на пандемијата врз обезбедувањето со храна, веќе постојат показатели дека во земјите погодени од глад, луѓето се потешко се борат за пристап до храна бидејќи приходите паѓаат, а цените на храната растат, се вели во соопштението на ФАО.

Ако земјоделците немаат пристап до своите полиња или немаат средства или пристап да купат семиња и други материјали за садење или за купување добиточна храна, сезоната на садење ќе се пропушти, земјоделството значително ќе се намали и животните ќе умрат.

Тоа, како што се наведува во соопштението, значи дека помалку храна ќе биде достапна и во руралните и во урбаните области.

Новото барање за финансирање од страна на ФАО во износ од 350 милиони долари е за три пати поголемо отколку на крајот на март, затоа што социо-економските влијанија на Ковид-19 стануваат сè поочигледни.

Хуманитарниот одговор на ФАО на Ковид-19 е дел од Глобалниот план за хуманитарна реакција.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство