Фајзер почна тестирање на орален антивирусен лек против коронавирус

Од:

Компанијата Фајзер денеска објави дека почнала големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со Ковид-19 кај лица кои биле изложени на вирусот, пренесуваат британските медиуми.

Истражувањето од средината до доцната фаза ќе го тестира лекот на Фајзер PF-07321332 врз најмногу 2.660 здрави возрасни лица, на возраст од 18 и повеќе години, кои живеат во исто домаќинство со лица со потврдена симптоматска инфекција со Ковид-19.

Лекот PF-07321332, според соопштението на компанијата, е дизајниран да ја блокира активноста на клучниот ензим потребен за репродукција на коронавирусот, заедно со ниската доза на ритонавир, постар лек кој е широко користен во комбинирани третмани за ХИВ инфекција, пренесуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Многу повеќе Американци добиваат засилувачка вакцина од оние кои се решиле на прва доза

А1он

Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација

А1он

СЗО: Безбедна е истовремената употреба на вакцините против Ковид-19 и грип

Мета: Албанија прва во Европа по смртни случаи од Ковид, итно да се преземат соодветни мерки

Ана Ололовска

Романски министер за здравство: Не се гледа крајот на пандемијата

Ана Ололовска

Белата куќа бара СТО да поддржи суспензија на патентите за вакцини против Ковид-19

Ана Ололовска