Фајзер: Пилулата против ковид е со ефикасност од 90%

Од:

Американскиот фармацевтски гигант објави дека неговиот експериментален лек е многу ефикасен во намалувањето на стапката на хоспитализација и смртност.

Фајзер денеска објави дека неговата антивирусна пилула против коронавирус ја намалила стапката на хоспитализација и смртност за речиси 90 проценти.

Компанијата сега бара брзо одобрување на пилулата, пишува АП.

Соопштението на компанијата доаѓа еден ден откако Велика Британија објави дека дала зелено светло за ковид-апчиња на компанијата Мерк, со што стана првата земја во светот што го сторила тоа.

Фајзер ги објави прелиминарните резултати од студијата на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот на компанијата во комбинација со друг антивирусен лек имале 89% намалена хоспитализација или стапката на смртност по еден месец, во споредба со пациентите кои земале лажна пилула. Помалку од 1% од пациентите кои го земале лекот морале да бидат хоспитализирани и никој не починал.

„Се надевавме дека ќе имаме нешто извонредно, ретко е да се видат одлични лекови со речиси 90% ефикасност и 100% заштита од смрт“, рече д-р Мајкл Долстен, главен истражувач во Фајзер.

Учесниците во студијата биле невакцинирани, со блага до умерена инфекција со Ковид и се сметале за луѓе со висок ризик за хоспитализација поради здравствени проблеми како што се дебелина, дијабетес или срцеви заболувања. Третманот започнал во рок од три до пет дена од првите симптоми и траел пет дена.

Пилулата се вика паксловид, а се зема два пати дневно по три апчиња. Најдобар ефект се постигнува ако пилулата се земе во раната фаза, пред да се развие инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска